Апел да не се оди на планина. Од Единицата за спасување во планина апелираат до сите љубители на природата и авантуристи деновиве да не се искачуваат по околните планини, бидејќи демне опасност од лавини.
Тема која не е доволна позната во земјава, но со зголемувањето на бројот на планинари треба јавно да се зборува и да се знае дека лавините се сериозна закана за посетителите., предупредуваат познавачите.
-„Со овие обилни врнежи во овие два дена на планините се наврнати повеќе од 70 см нов снег кој што е врз онаа стара снежна покривка која е неконсолидирана претставува идеална основа за протекување на лавини дури и на места кој што се апсолутно нетипични за лавини како што се шумски предели. Јас морам да кажам еден пример трагичен кој ме потсетува на ова време во 2001 година имаше случај во Мавровскиот регион две лица го изгубија животот токму во шумски предел на позната патека каде што никогаш не се случувале лавини. Се случи лавина која одзеде два човечки животи“, предупредува Антонио Додески интернационален водич во планина.
За да нема завеани, загубени или премрзнати пред впуштањето во планинарската авантура мора да се следи и временската прогноза. Потребна е апсолутна внимателност дури и за највештите авантуристи во планина, но и специјална опрема за спасување од лавини.
-„Задолжително да поседуваат опрема за спасување од лавини. Тоа се лавински уреди , трансивери, лопата и сонда за пребарување бидејки најклучната помош која што може да се пружи во случај на ливина се оние кои не се затекнати а се на самото место да помогнат на своуте преијатели. Доколку ја немате оваа опрема и не сте доволно искусни во следниот период минимун недела до две да не практикуваат активности на планина се додека не се консолидира снежната покривка“, апелира Додески.
Единицата за спасување на планина во Охрид брои 30 професионални спасители волонтери од кои 10 алпинисти.
„Благодарение на проектот регионот Охридско езеро безбедна дестинација за авантуристички туризам со поддршка од ЕУ преку ИПА програмата за соработка имаме солидна опрема за интервенција во зимски услови но морам да потенцирам дека не сме целосно ппремени мор сите да имаат во предвид дека и во случај кога би имале повик за некаква интервенција треба да бидат трпеливи бидејки немаме превозни средства кои се специјализирани за зимски услови и за услови на длабок снег, меѓутоа имаме доволно опрема и тимот е на располагање доколку има потреба ќе интервенираме во рамки на можностите“, вели Антонио Додески од единицата за спасување во планина.
Праксата покажала дека најчесто несреќите на планина се случуваат заради недоволно познавање на опасностите. Во минатото на Галичица се случија неколку несреќи од кои две завршија трагично. Оваа зима во регионот нема регистрирани несреќи во планина.
Новинар Соња Рилковска
