Не се почитува полицискиот час, девет охриѓани приведени

Полицајците, привеле девет охриѓани кои го прекршиле полицискиот час.

Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „во текот на изминатото деноноќие (15/16.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, девет лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-9). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 16.05.2020 година во 02.15 часот, во охридското село Велгошти, Р.П.(27) од селото Лескоец, го нарушил јавниот ред и мир со викање, непристојно однесување и оштетување на предмети. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 23 контроли врз лица во изолација, 25 контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-7, Струга-11, Кичево-6, Дебар-1) и 37 контроли на угостителски и други објекти, изјави портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани