Тепачка во Косел, сообраќајка пред Косел

Повредените во тепачката и сообраќајката се префрлени во болница.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира за физички напад извршен во охридското село Косел и за сообраќајна незгода случена пред истото село. Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид, на 15.05.2020 година, околу 12 часот и 30 минути, во охридското село Косел, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.Ј.(32) врз И.Д.(43), двајцата од истото село. Притоа, И.Д. се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница во Охрид. Против напаѓачот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
Вчера околу 12 часот и 30 минути, на магистралниот пат Охрид-Ресен , во близина на Царински терминал, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Ј.(32) и „Застава“ управувана од Д.Д. (73) од охридското село Косел. Возачот на вториот автомобил, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Охрид од каде, по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани