14 годишното девојче било од струшко Лабуништа.
Утрово во 06 часот и 30 минути, во ОВР Струга, пријавено е дека, во Општата болница во Струга, Н.Т. (49), од струшкото село Лабуништа, во тешка здравствена состојба ја донел својата 14 годишна ќерка. Истата, на пат за Ургентен Центар во Скопје, починала.
– По барање на надлежен Јавен обвинител, ќе биде извршена обдукција, соопшти Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид.
