Уште еден човек е жртва на напад од куче скитник.
Жител на селото Подмолје е нападнат и укасан од куче скитник. Нападот се случил вчера а човекот веднаш побарал медицинска помош. Според соопштението од СВР Охрид, „на 27.12.2019 година, во СВР Охрид, М.Т.(33) од охридското село Подмолје, пријави дека во селото бил нападнат и каснат од куче скитник“.
Охриѓани секојдневно се жалат на напади и опасноста од напади од кучиња скитници не само во центарот туку и во останатите делови од градот а локаллната сеуште не го решава овој проблем.
