Не употребувајте петарди!! Секоја година стотици луѓе завршуваат со тешки повреди

МВР  пред Новогодишнте празници со апел да не се употребуваат петарди. 

Секоја година стотици луѓе завршуваат со тешки повреди предизвикани од пиротехнички средства. 

– Неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку телефонскиот број 192. Апелираме особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи во пресрет на новогодишните празници денеска упати апел да не се употребуваат петарди и да се пријавува нивна продажба. Укажува на статистичките податоци според кои над 150.000 луѓе во светот секоја година остануваат инвалиди поради користење петарди, а од нив 80 отсто се деца.

Како и секоја година, така и оваа, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Одделенијата за превенција при Секторите за внатрешни работи спроведуваат кампањи, изработуваат флаери и плакати и одржуваат различни предавања преку кои укажуваат на можните последици од употребата на пиротехничките средства. Полициските станици, пак, со спроведување на акциски контроли и проверки работат на откривање и санкционирање на лицата кои вршат нелегална продажба на пиротехнички средства.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани