Под мотото „Играме и пееме за Сара“ охридските новинари и фолклорниот ансамбал „Бисери“ организираат голем хуманитарен хепенинг.
Во 11 часот во ЦК „Григор Прличев“ јуниор забава за најмладите. На сцената ќе настапат „Весели бисерчиња“, „Распеано рибарче“ , музичките таленти на ОМУ „Методи Патчев“ , а ќе биде изведена и претстава од Куклениот театар „Си беше еднаш“.
Влез 100 денари. Влезници ќе се продаваат на билетарницата од ЦК „Григор Прличев“ и низ охридските градинки.
Истиот ден, ( недела на 28 октомври) од 19 часот забавата продолжува во Спортската сала „Билјанини Извори“, каде ќе настапат музичари и повеќе уметници од Охрид и Струга.
„Камелеон“, ФА „Бисери“, Петар Нечоски, Жармена и Китрос, Каролина и Оли, „Ј и Ј“ , „Дуо Black moon “, Дамјан Пејчиноски, Ивана Коскоска, Петар Маркоски и други….
Влез 100 денари. Влезници ќе продаваат волонтерите на Црвен крст Охрид но и на билетарница од СРЦ „Билјанини извори“ непосредно пред почетокот на настанот.
На настанот ќе се придружи Здружението ЖЦ „Бисера“ Охрид, кој организираат базар со храна- вкусни домашни специјалитети, кои ќе се продаваат по симболична цена.
Сите собрани пари ќе бидат веднаш донирани на семејството Настески.
-„Целта е да се анимираат сите , почнувајќи од најмладите преку тинејџерите , па се до возраснита, час поскоро да се помогне на нашата Сара Настеска“, велат организаторите.
На Сара и’ е дијагностициран малиген тумор „Анемија Пластица“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.На семејството потребни им се 200 000 евра за нејзино лекување во Германија.
Благодарност за поддршката од ЈП „Билјанини Извори“ и ЦК „Глигор Прличев“ каде што ќе се одржат двата настани, како и на „LABINO SOUND“, кои ќе се задолжени за озвучувањето.
Недела нека биде ден за Сара!!!!
