Прва конференција за византологија „Самуиловата држава-1.000 години потоа“

На 25 и 26 октомври 2018 г. во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи прва национална конференција за византологија и медиевистика „Самуиловата држава-1.000 години потоа (1018-2018)“.

 

Конференцијата е во организација на Комитетот за византологија и медиевистика на Р. Македонија-Скопје (КВМРМ-Скопје)
На неа  ќе учествуваат четириесеттина византолози, медиевисти, историчари, археолози, историчари на уметноста, теолози, лингвисти, музиколози и класичари, кои се занимаваат со проучување византиското културно наследство и средновековната историја на Македонија. Конференцијата има поддршка од Меѓународната асоцијација за византологија (AIEB), а како почесни гости се поканети претседатели на Националните византолошки комитети од соседните земји.
Покровител на конференцијата е претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, а како ко-организатори се јавуваат престижните високо-образовни и научни институции: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Министерството за култура на Р. Македонија, Филозофскиот факултет-Скопје и Македонската академија на науките и уметностите.

Свеченото отварање на конференцијата е закажано за 25 Октомври во 11 часот во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид.

Комитет за византологија и медиевистика на Р. Македонија-Скопје.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани