Годинава Охрид во старо Новогодишно руво.
Ќе се украсува само центарот на градот и тоа скромно со ланските реквизите. Очекувано поради пандемијата во главниот туристички центар во земјава нема да има Новогодишен дочек на градскиот плоштад. Парите предвидени за украсување и забава ќе се пренаменат за справување со последиците од пандемијата.
-Се разбира дека е скромно со оглед на ппандемијата предизвикана од Ковид 19 ние за оваа година сепак централнто градско подрачје ке има и ѕвездено небо ке има украси. Ќе биде украсен и кружниот тек кј Охридска банка но без нови издатоци. Тоа се реквизити набавени д претходните години, вели Томе Џамтоски портпарол на Општина Охрид.
Новогодишната светлина и ѕвезденото небо на градскиот плоштад ќе донесат радост за најмладите, но и за домашните гости кои сепак во ова време невреме ќе го посетат Охрид за празниците.
„Како локална самоуправа сакаме Охрид барем за малку да заличи на град кој ќе излезе во пресрет на најмладите да ја почуствуваат таа атносфера на новогодишно празнување се разбида дека нема да има организиран ппречек на градскиот плоштад но истто така уверени сме дека сепак мал дел претпоставувам домашни гости ќе сакаат да дојдат во Охрид“-, додава Џамтоски.
Идентична е состојбата и во Струга и таму се украсува со старите новогодишни реквизити. Општината одлучи да штеди наместо за новогодишна прослава и украси парите ќе се искористат за справување со последиците од пандемијата. Новинар Соња Рилковска