Нема труење со храна во „Изгрев“

Нема труење со храна во елитниот хотел „Изгрев Спа и аквапарк“ на струшкото крајбрежје.

Ова го потврдуваат вчерашната официјална контрола во кујната и ресторантот од хотелот како и инспекциските надзори од Агенцијата за храна и ветеринарство – организациона единица Струга и Агенцијата за храна и ветеринарство. Во нивните официјални извештаи стои дека, во „Изгрев“ се е во согласност со Законот за безбедност на храна, а водата, според Јавната здравствена установа „Центар за јавно здравје“-Охрид, одговара на Правилникот за безбедност на вода и припаѓа на прва класа од Уредбата за класификација на водите. Менаџментот на „Изгрев“ извршил експресен разговор со тројцата странски туристи кои пред два дена се пожалиле на стомачни тегоби и биле примени во струшката болница. Туристката од Израел рекла дека пред оброкот во „Изгрев“, нејзините деца конзумирале Смути напиток што го купиле на место надвор од хотелот.
-Поради овие факти, ги отфрламе сите наводи за труење со храна во хотелот „Изгрев Спа и аквапарк“ и сметаме дека истите се тенденциозни и невистинити. Хотелот „Изгрев Спа и аквапарк“ е сериозен субјект во туристичката сфера во Република Македонија и во странство. Нашиот врвен професионализам е препознаен и валоризиран кај домашните и странските тур-оператори поради што, не дозволуваме импровизации и неосновани напади врз нашето работење. За нашата беспрекорност во туризмот и хотелската дејност, сведочат напишаните изјави на иљјадниците наши коминтенти и партнери и гости со кои, силно се гордееме. Продолжуваме, неуморно професионално да работиме, на охридско-струшкото крајбрежје да носиме и сместуваме што е можно повеќе туристи од земјата и странство и да им ги покажуваме сите убавини на нашата татковина, велат од хотелот „Изгрев Спа“.Додаваат дека дека на ден 15.07.2017 година кога е извршена контролата, од 450 вкупен број на гости сместени во хотелот, со дополнителни 350 и 120 гости на две свадби и околу 200 лица вработен персонал, на одредени стомачни тегоби се пожалиле три лица.Тие не консумирале храна од хотелот туку надвор во други објекти. Во продолжение, го поместуваме целосното соопштение, што денеска го испрати менаџментот на хотелот:

По неодамнешните информации за наводно труење со храна во хотелот „Изгрев Спа и аквапарк“, менаџерскиот тим на хотелот презеде итни мерки со цел утврдување на фактичката состојба.
Претставници на хотелот, вчера остварија итна средба со дежурните доктори во двете смени во Општата болница во Струга , со странските туристи кои во болницата се пожалиле на одредени стомачни тегоби како и со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство –организациона единица Струга. Агенцијата, вчера во хотелот изврши вонредна официјална контрола во кујната и ресторантот и инспекциски надзор согласно Законот за безбедност на храна. Тоа е направено со цел постапување по сомнеж за труење со храна а по сознание добиено од средствата за јавно информирање. При нивната контрола, со Записник констатирано е дека набавката на храната во хотелот „Изгрев Спа и аквапарк“ се врши од регистрирани и одобрени оператори за кои уредно се водат записи во соодветни контролни листи. Претставниците на Агенцијата евидентираа задоволително ниво на општата хигиена и другиот пропратен дел каде се врши подготовката на храната, соодветен контролиран температурен режим на коморите за ладење, уредни санитарни книшки од вработените кои се во контакт со храна. Посебно напоменуваме дека, во записникот за извршен инспекциски надзор, покрај ова, претставниците на Агенцијата за храна и ветеринарство, напоменуваат дека при контролата не се констатирани несоодветности од кои би била загрозена безбедноста на храната. Ова е дотолку позначајно што во нивниот Записник е наведено дека на ден 15.07.2017 година кога е извршена контролата, од 450 вкупен број на гости сместени во хотелот, со дополнителни 350 и 120 гости на две свадби и околу 200 лица вработен персонал, на одредени стомачни тегоби се пожалиле три лица. Тие не консумирале храна од хотелот туку надвор во други објекти.
Од разговорите со А.А.-туристка од Израел која е отседната во хотелот „Изгрев Спа и аквапарк“ и која пријавила случај на труење на нејзините две деца, добиена е информација дека пред оброкот во хотелот,децата конзумирале Смути напиток што го купиле на место надвор од хотелот.
Во периодот од март до јуни оваа година, Јавната здравствена установа „Центар за јавно здравје“-Охрид, во хотелот „Изгрев Спа и аквапарк“, има извршено неколку хемиско-бактериолошко тестирање и микро биолошки анализи на вода. Притоа, оваа реномирана установа, акредитирана од ИАРМ со сертификат, според барањата на стандардот MKC- EN- ISO/IEC, со Извештај од тестирање, констатира дека испитуваните примероци вода, одговараат на Правилникот за безбедност на вода и припаѓаат на прва класа од Уредбата за класификација на водите.
Поради овие факти, ги отфрламе сите наводи за труење со храна во хотелот „Изгрев Спа и аквапарк“ и сметаме дека истите се тенденциозни и невистинити. Хотелот „Изгрев Спа и аквапарк“ е сериозен субјект во туристичката сфера во Република Македонија и во странство. Нашиот врвен професионализам е препознаен и валоризиран кај домашните и странските тур-оператори поради што, не дозволуваме импровизации и неосновани напади врз нашето работење. За нашата беспрекорност во туризмот и хотелската дејност, сведочат напишаните изјави на иљјадниците наши коминтенти и партнери и гости со кои, силно се гордееме. Продолжуваме, неуморно професионално да работиме, на охридско-струшкото крајбрежје да носиме и сместуваме што е можно повеќе туристи од земјата и странство и да им ги покажуваме сите убавини на нашата татковина.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани