Нема високоризични објекти од кои граѓаните треба да се евакуираат

Нема загрозувачки објекти од кои би се евакуирало населението во Охрид. Само една детска градинка превентивно ќе биде затворена.

Ова се заклучоците на кризниот штаб, кој од доцна синоќа е на терен и врши увид на објетите во градот. 
Петте екипи започнаа со увид од градските болници, потоа детските градинки и јавните институции. И натаму Охрид е под интензивна сеизмичка активност. Петнаесеттина земјотреси само ноќва и утрово дополнително ги вознемирија граѓаните. 

-Иако продолжи интензивната сеизмичка активност во наредните денови значи нема не се очекува дека можат да се најдат гардби со висок степен на загрозеност заради кои што би настанале оштетувања а заради кои што ние како кризен штаб би им советувале да привремено ги напуштат своите домови. Тоа е најважно во овој момент а е констатација од експерти , вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани