Немало грешка во лекувањето на починатата родилка во Охрид

 

Немало лекарска грешка при лекувањето на починатата родилка во Охрид, информираат од охридската болница. мајка, која почина неколку денови после породувањето имала хронична системска болест. 

 

-„На ден 11.06.2019 год. во 04:00 на гинеколошкото одделение во Охрид примена е пациентка првородка со прснат воденик во термин за породување.Пациентка на 29 годишна возраст со хронична системска болест LUPUS и од детска возраст со имуносупресивна терапија. Направен е итен царски рез,добиен жив женски плод 2130 kg должина 46 см во добра состојба. Оперативен и ран постоперативен тек уреден“, стои во денешното соопштение од охридсктата болница.

Состојбата на пациентката се влошила петиот ден после направенит царски рез, поради очекувани компликации од основната хронична болест, велат од охридската болница.

-„Петтиот постоперативен ден поради влошување на општата состојба на пациентката и поради очекувани компликации од основната болест конзилијарно е одлучено пациентката да се препрати во терциерна установа GAK-Скопје за понатамошен третман. Во тек на престојот на гинеколошкото одделение во Охрид земен е брис од рана од родилката и истиот е стерилен што го потврдува резултатот добиен од Центар за јавно здравје Охрид. Следниот ден е направена мултидисциплинарна ревизија и е констатирано дека е исклучена гинеколошка компликација“, тврдат од болницата.

Новороденото се наоѓа на гинеколошкото одделение и е здраво и во добра општа состојба. Од болницата изразуваат сочуство до семејството.

-„Им изразуваме длабоко сочуство на семејството за изгубениот млад живот.Екипата на гинеколошкото одделение Охрид вложи максимални напори,брзо и протоколарно е се направено. Благовремено е испратена во терциерна установа“, стои во соопштението од болницата.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани