Несовесните прават мини депонии

До кога несовесните граѓани од непотребната покуќнина и градежен шут ќе се ослободуваат секојдневно фрлајќи ги на јавни површини и локации кои се слика на нашиот град?

 

Секое утро паркинг просторот кај Горна Порта е претворен во мини-депонија . Сликите доволно зборуваат за нивото на еколошка свест на оние кои од својата покуќнина, градежен шут и зелен отпад се ослободуваат на овој начин. Оваа црна точка подолг временски период претставува проблем за Ј.П.„Охридски Комуналец„ и за таа цел e поставена и информативна табла за забрането депонирање на ваков вид отпад, но изгледа и таа е невидлива за прекршителите на Законот за јавна чистота.
Локацијата е исчистена, сиот отпад подигнат, но до кога? За надмининување на проблемот и санкционирање на прекршителите се планира поставување на видео надзор.

Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” секојдневно спроведуваат активности за расчистување на различни видови отпад кој несовесни граѓани го исфрлаат и го депонираат несоодветно на повеќе јавни локации во градот.
Општина Охрид го осудува ваквото несовесно однесување и упатува апел до жителите и посетителите на Охрид за поголема еколошка свест и за зачувување на хигиената на повисоко ниво.
Со цел да се спречат ваквите појави и во насока на подигнување на јавната чистота, деновиве ќе биде поставен видео надзор на повеќе локации во градот, напиша градоначалникот Константин Георгиески. 

Social profiles