За првпат од почеток на пандемијата, во Охрид нема казнети граѓани.
Како што информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, во изминативе 24 часа, нема казнети граѓани во Охрид, за неносење заштитна маска. Тој го искажа задоволството од овој податок и посебно нагласи дека и понатаму е потребно доследно придржување на законската потреба за носење заштитни маски како најдобра превенција од Корона вирусот.
– Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 30 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Струга-09, Кичево-18, Дебар-3). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, изјави Димоски.

Димоски нагласи дека полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 08 контроли врз угостителски и други објекти.
