Советот на општина Охрид на денешната седница донесе одлука за престанок на мандатот на член на Советот на Константин Георгиески, кој на вонредните локални избори беше избран за градоначалник, а беше верификуван мандатот на Ристо Николески за нов член на Советот на општина Охрид.
Воедно беа донесени решенија за именување член на комисијата за јавни и комунални дејности и претседател на комисијата за финансии и буџет.
На седницата беа прифатени предложените одлуки за усвојување на извештаите за периодот од 01.01.до 31.03.2019 година за реализација на програмите за поттикнување на развојот на туризмот, за поддршка на локалниот економски развој, за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица, за заштита на животната средина и природата, за изработка на урбанистички планови, за млади и невладини организации, за спорт и рекреација, за културни манифестации и творештво, за активностите во областа на образованието, за детска заштита, за социјална заштита, за енергетска ефикасност, за други комунални услуги, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, за одржување јавна чистота, за јавно осветлување, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај, за одржување и користење на паркови и зеленило, за изградба на системи за водоснабдување, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, за изградба на сообраќајна сигнализација, за уредување на градежно земјиште, за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид и за остварување на буџетот на општина Охрид.
Беа усвоени финансискиот извештај на МЈП „Проаква“ – Струга РЕ „Водовод“ – Охрид за периодот од 01.01. – 31.03.2019 година, како и извештаите за работењето во истиот период на ЈП „Нискоградба“ , ЈП „Градски пазар“ , ЈП „Охридски комуналец“ , ЈП „Градски гробишта“ и ЈП „Билјанини извори“ .
Советот ги прифати и предложените одлуки за давање согласност на статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ , за проширување на средствата на буџетот на општина Охрид за 2019 година, за одобрување на користење на грант средства за набавка на 4 возила од компонента ц „инвестициски грантови“ од проектот за подобрување на општински услуги, за аплицирање на проект „реконструкција – ЕЕ на Основно Училиште „Христо Узунов“ преку замена на ПВЦ столарија – врати и прозорци, за прифаќање донација на канцелариски мебел, за пренесување на правото на трајно користење на движни ствари – багажници сопственост на општина Охрид на ЈП „Билјанини извори“ , за давање на користење на недвижен имот од општина Охрид на ЈП „Билјанини извори“ ,за давање согласност на одлуката за распределба на вишокот средства (добивката) од работењето на МЈП „Проаква“- Струга од 2018 година, за измени и дополнување на годишната програма за поставување урбана опрема и за измени и дополнувања на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2019 – 2021 година.
Дваесет и седмата седница на Советот на општина Охрид, беше прекината пред последната точка на дневниот ред, посветена на работењето на шинтерската служба. Точката, како дополнување на дневниот ред, ја предложи советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, но тие по расправата за измени на Статутот на општина Охрид ја напуштија седницата. Продолжението на седницата, дополнително ќе биде закажано, а во меѓувреме ќе се побара информација од ЈП „Охридски комуналец“ за функционирањето на шинтерската служба.