НЛБ Банка подари два таблет компјутери

Во текот на месец декември училиштето  С.О.С.У Св. Кирил и Методиј во соработка со НЛБ Банка А.Д. Скопје експозиура  Охрид организираше заеднички проект.

Имено на иницијатива на НЛБ Банка беше инициран конкурс на тема “Можностите на електронското банкарство на НЛБ БАнка“. На истиот учествуваа ученици од III и IV година, економска струка. Доставените истражувачки стории беа оценувани од тричлена комисија составена од наставен кадар по стручни предмети.
Целта беше да се поттикне младата генерација да се запознае и да ги користи модерните електронски канали, да биде креативна на оваа тема и да размислува, бидејќи сепак станува збор за млада популација која допрва со вклучува во тековите на општествениот живот. Одзивот кај младите средношколци беше голем, а воедно и задоволството кај нас како училиште бидејќи за прв пат една институција побуди проект од ваков тип, што за жал во изминатиов период сме го немале.
Воедно најдобрите две истражувачки стории беа наградени со таблети од страна на НЛБ БАнка АД Скопје.

Уште еднаш се заблагодаруваме на НЛБ БАнка АД Скопје и се надеваме во иднина дека ваквата соработка ќе продолжи и понатака и дека ваквата инцијатива ќе ги поттикне и останатите фирми и институции да иницираат слични проекти.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани