Расипничко и нетранспарентно работење на градоначалникот Ногачески. Така сте напишале, а сте презентирале податоци од друг субјект, а не од општината, одговори градоначалникот на обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ.
-На погрешна врата сте тропнале. Аманте бе, прашајте ако не знаете, оти сите Ви се смеат. Или сакате да билдате партиски рејтинг , а порталот рејтинг на читаност, критикувајќи го Ногачески. Ако не сте знаеле, а сто пати сум кажал, ќе Ви повторам , оти repeticio est mater studiorum. Ногачески раководи со општина Дебрца. За две години Ногачески потрошил:
0 ( читај нула ) денари за репрезентација,
0 ( читај нула ) денари за дневници, И така ќе биде докрај. А колку потрошил Вашиот градоначалник Трајкоски за бргу ќе видите, отчетно и транспарентно. А за податоците кои сте ги објавиле обратете се на вистинската адреса, ( и од таму ќе си го добиете одговорот ), иако лично мислам дека и тие суми што таму ги имате објавено, а што ги потрошило ЈКП се обична смешка во однос на трошењата на Вашиот градоначалник, кој само со една сметка има потрошено толку пари. Имајте убав ден. П.С. И да, сте напишале дека сум бил во заминување. За Ваше инфо, уште 22 месеци немам намера никаде да одам, не грижете се, тука сум, со граѓаните на Дебрца, одговори Ногачески.
