Со низа инвестиции Општина Охрид континуирано обезбедува подобри услови за учениците.
Извршена е промена на дограмата во подрачниот објект на ОУ „Свети Климент Охридски“ во населба Далјан. Поставени се нови енергетски ефикасни прозорци во сите училници и наставничката канцеларија. Исто така поставени се и нови пвц врати на двата влеза од објектот и на тоалетите. Претходно во овој училиштен објект беа реконструирани подовите во сите училишни простории.


