Нови 101 новозаразени од корона, 6 во Струга и 1 во Охрид

Вкупно 101 новозаболен од Ковид-19, четворица починати и 10 оздравени пациенти се регистрирани денеска на Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај. По градови:

– Скопје – 59
– Куманово – 12
– Штип – 7
– Прилеп – 1
– Тетово – 5
– Струга – 6
– Велес – 1
– Охрид – 1
– Кавадарци – 1
– Гостивар – 3
– Кочани – 3
– Пробиштип – 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализиран на 17 мај. Во ГОБ „8 Септември“ починале пациент од Тетово (75 г.) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71 г.) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58 г.) примен на 30 мај.

Од десеттемина оздравени, осум се од Тетово, а двајца од Велес. Досега во земјава се направени вкупно 32.161 тестирање. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти денеска изнесува 2.492, од кои 1.605 пациенти оздравеле, 145 починале, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани