Нови проекти со кинески пари

Република Македонија сака да биде дел од Европската Унија во која постои слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал, но, за рамноправно да се вклучиме во европскиот економски простор, неопходно е да сме рамноправен дел и од европските патни, железнички и енергетски коридори.


Европа не ги поддржува нашите проекти затоа, како држава ја поддржуваме кинеската иницијатива „Еден пат, еден појас“, рече претседателот Иванов на Третата конференција на НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа што деновиве се одржува во Охрид.

-Бидејки Европската Унија сè уште не ги поддржува крупните инфраструктурни проекти, одлучивме со поволни кинески кредити од иницијативата „16+1“ да градиме важен дел од европскиот Коридор 8. Ќе го спомнам и проектот за брзата пруга од Будимпешта до Белград што низ Република Македонија треба да продолжи до Пиреја. Се залагаме и за обновување на проект за поврзување на реките Вардар, Морава и Дунав со Егејското Море.

Во изминативе три години земјите искористија 10 милјарди долари кинески пари, во Македонија се градат два автопати со кинески поволни кредити, а на располагање остануваат уште 50 милјадри од Азиската развојна банка.

– Ја имате Азиската инфраструктурна инвестициска банка која сега располага со околу 50 милјарди долари, потоа Азиската развојна банка значи има многу финансиски механизми не само еден, и би напоменал дека ајважно е да додјете со некој конкретен предлог, вели Матеуш Рашковиќ Економски универзитет Љубљана Словенија.
Покрај соработката во инфраструктурата , кинезите гледаат можност за соработка и на полето на туризмот , прехрамбената индустрија, образованието и науката.

– Компаниите од едната и другата земја треба подобро да се запознаат а и да ја запознаат ситуацијата во двете земји така што ќе можат да најдат проекти кои во иднина ќе бидат во корист на двете страни. Првите чекори за соработка е да се продлабочи заедникото разбирање , вели Дејун Цао професор на Универзитет за финансии и економија во Кина.
Сите инвестициски проекти од страна на Кина ќе придонесат за економски развој во сите земји на Централна и Источна Европа.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани