Нови рокови за изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Во текот на идната седмица, Владата во договор со надлежните институции ќе утврдуваат нови рокови за финализирање на автопатот Кичево – Охрид во должина од 57 километри.

Целта е продолжување на договорот со кинеската фирма „Синохидро“ која го гради автопатот, бидејќи според неправилностите утврдени на терен, изградбата нема да се заврши до предвидениот рок. Засега не се знае колку пари дополнително ќе се потрошат.Изградбата на автопатот Кичево-Охрид, во должина од 57 километри, според сегашниот договор, чини 374 милиони евра. Првичните проценки на надлежните институции покажуваат дека ќе бидат потребни дополнителни над 120 милиони евра.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани