Нови уредени велосипедски патеки низ повеќе охридски улици.
-Со цел да се подобрат условите за велосипедистите и да се обезбеди нивна поголема безбедност во сообраќајот, во текот на изминатите денови беше извршено обележување на велосипедски патеки на улиците „Сирма Војвода“, „Карпош Војвода“, „Питу Гули“ и на улица „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улица „Кај Македонија“.
Овие активности се дел од овогодинешната програма на Општина Охрид за поставување на сообраќајна сигнализација. Во текот на наредниот период планирано е да бидат обележани нови велосипедски патеки на уште неколку фреквентни улици, информира градоначалникот Константин Георгиески.