Цело лето Струга повторно има проблеми со водоснабдувањето.
Или вода воопшто нема со часови и денови , или е слаб притисокот. Стружани се жалат, велат во време на пандемија и високи температури не може да одржуваат лична хигиена , ниту во домот. Велат во градот распослан на две води, жителите се жедни.
Поплаки има и од угостителите, кои секојдневно се соочуваат со проблеми во услужувањето на гостите.
– „Често се случува да има слаб млаз од чешмата многу често имаме проблеми да измиеме чаши и кафе слабо тече. Имаме проблем да ги услужиме госстите , кафе обавезно со вода оди“, Има ситуации да не тече вода воопшто и да имаме проблем“, велат од угостителски објекти.
-„Кај мене нема проблем во мојата населба. На пониско живеам имам слушнато од сограѓани дека на повисоките спратови има проблем“, вели еден стружанец.
Причина за проблемите со водоснабдувањето е слабата издашност на изворите во Шум и Белица од каде Струга и околината се снабдуваат со вода. Од локалната велат бараат начин да го решат проблемот.
–. Не би рекол дека нема проблеми со водата туку во тек сме и во контакти со централната власт за да го решиме една засекогаш тој проблем. Ќе направиме еден поголем проект за тоа треба време ресурси и волја“, вели Дашмир Насуфи шеф на кабинет на градоначалникот на Струга.
Речиси една деценија проблеми со водоснабдувањето има и во струшките села. Најкритична е состојбата во Делогожда, Велешта и Татеши.
Новинар Соња Рилковска