На кејот „Македонија“ спроти центарот на култура „никна„ ново детско катче.
Детски реквизити, модерни замоци, лизгалки, кучички отворени за сите деца.
Детското повеќенаменско игралиште со различни играчки и реквизити е донација од Репубилика Турција, донирано на одделението за туризам и локален економски развој. Реквизитите ќе се користат бесплатно и се уникатни.
Опремата за уредување на детското катче содржи 5 поголеми и 15 помали пропратни делови. Тие се наменти за забава на најмладите охриѓанчиња и останатите деца . Детското игралиште ќе функционира преку целата година, а ќе го одржува локалната самоуправа.