Без трошка совест, охриѓанец крадел од верски објекти

30 годишен охриѓанец, без трошка совест, вршел кражби од цркви како и од една џамија во Охрид.Не му се остварила желбата да најде многу пари, но си „заработил“ кривична пријава. Сепак зачудува фактот колку лесно, безбожникот ги кршел вратите од црквите и џамијата како свети места.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ш. (30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“.
-Во текот на март, април и мај оваа година, пријавениот тешките кражби ги сторил во неколку цркви во Охрид и околните населени места, како и во една џамија во Охрид. Во црквата “Св.Тома“ во с. Лескоец, пријавениот одзел околу 600 денари. Во црквата “Св.Цар Костадин и Елена“ во Охрид влегов внатре, но не одзел ништо. Исто така, влегол и во црквите “Св.Наум“, “Св.Тома“ и “Св.Спас“ во селото Лескоец каде одзел одредена сума на пари. На први мај година во раните утрински часови, пријавениот влегол во џамија на ул. „Гоце Делчев“ од каде одзел 1000 денари, изјави портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани