Ново место за занимација на млади

На иницијатива на младите од МКОЦ Соната, креиравме „место“ во кое тие ќе се „собираат“, забавуваат, но и едуцираат.

На sedidoma.mkoc.org.mk ќе можат да го исполнат своето слободно време додека сите ги почитуваме препораките за корона вирусот. Тоа е место каде што секој млад ќе може да најде нешто интересно, занимливо, смешно, но и едукативно и инспирирачко.

Во исто време го повикуваме наставниот кадар кој сака да ни се приклучи во оваа акција во креирањето на панелот за квизови. Веруваме дека „Повторувањето е мајка на знаењето“, па затоа криравме можност за тестирање на материјалот кој треба да го изучат дома во овој период. Тестирањето е по училиште/смер, одделение/година и предмет. Идејата е најдобрите да се наградуваат. Токму затоа ги повикуваме сите компании или поединци кои сакаат да ја помогнат оваа акција да не контактираат на sedidoma@mkoc.org.mk или на 078/362-484.

Отворено ги покануваме и оние кои имаат некаков талент да ни го покажат. Ги повикуваме сите оние кои пишуваат, цртаат, сликаат, фотографираат, или пак имаат некој друг скриен талент да се пријават преку sedidoma.mkoc.org.mk

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани