Ново раководство на СВР Охрид

Нови назначувања на 15 припадници на МВР на различни раководни позиции.

Процесот на смена на раководните кадри на МВР започна вчера ,  а пред и официјално да бидат објавени нивните имиња, Владата на затворена седница ќе треба да донесе одлука за промена на систематизацијата на работните места во МВР.

Од она што со сигурност се знае е дека има промени на началниците на осумте главни сектори на МВР во Скопје, Охрид, Тетово, Штип, Струмица, Битола, Велес и Куманово како и промена на раководните позиции во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за внатрешна контрола и професионална стандарди, новата интервентна единица на полицијата како и првиот човек на Секторот за информатички технологии во МВР каде што се чуваат базите на податоци.

Во Охрид на местото на Сашо Смилески неофицијално е назначен инспекторот Илија Милески.  Милески е од Велгошти,  а досега беше инспектор во одделот за наркотици.  Важи за коректен, ревносен, амициозен и ажурен службеник. 

Денес се очекува официјалното назначување. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани