Ново видео од подводните убавини на Охридското езеро, но и отпадот во него

 

Ново видео од убавините на Охридското  езеро од објективот на нуркачот Никола Паскали.

 

-Дрвената шина, кајчето на Срјшче, ендемични флора и фауна се убавините кои ги среќаваме додека одиме до Пристаниште. Температурата на водата е од 09°С до 13,5°С во плитките делови. Направив и една фотографија додека снимам. Контраст, чист контраст, појаснува Паскали. 

Нема достапен опис

Паскали испрати апел учениците да учат во природа:  

Еден апел до школите и учителите. Одете со децата секој викенд во природа. Секој викенд организирајте еколошки акции. Учете додека чистите. Многу може да се научи од ѓубрето, буквално има се и сешто и за секоја наука место. Еве петок да биде и настава во природа, на ледина.
МОРА СЕРИОЗНО ДА СЕ СВАТИ ПРОБЛЕМОТ СО ОТПАДОТ

ВО 21 ВЕК ЖИВЕЕМЕ СО ДЕПОНИИ ОКОЛУ НАС

СТОП ЗА ПЛАСТИКА ЗА ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБА

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани