НУК: Цените во Охрид треба да растат, градот треба да се споредува со Сен Тропе

Охрид воопшто не е скап. Наспроти тврдењата и поплаките на граѓаните по социјалните медиуми,  Независната угостителска комора, смета дека цените на хотелските и угостителските услуги на брегот на Охридското езеро  се на нивото на услугата.

Градот поседува уникатни културни и природни вредности и не смее да се споредува со приморските туристички места, кои имаат многу поголеми капацитети  и можност да нудат поевтини туристички аранжмани.

Според НУК цените во Охрид треба да растат, а со тоа ќе се изврши селекција на туристите.

–„Сметам дека цените во Охрид би требало со тек на време да растат, меѓутоа паралелно со цените треба да растат и содржините и понудата која што охридските угостителски објекти ќе ја понудат не само на локалните туку и на странските гости. Се со цел да го промениме типот  на туристи кои се анимираат во Охрид. Охрид е посебен тој може да се споредува со местата од типот на Сен Тропе, или други места со висок калибар и како такво место заслужува епитет на Бисер на Македонија“, вели Здравко Јосифовски претседател на НУК.

Градот треба да се стреми кон елитен туризам и да се споредува со светските туристички места. Државата и општината мора засилено да работат на подигнување на стандардите во туристичките центри , првенствено  почнувајќи од инфраструктурата.

 -„Итно се потребни нвестиции во инфраструктурата. По стариот автопат можевме да стигнеме за 1 час и 40 минути, денес доаѓаме два и пол часа, мислам дека е тотално фиаско на државата што во изминатве неколку години дозволи да не го доврши патот до Охрид и да имаме делница по која што ќе може за краток период да го посетуваме нашето омилено место во Македонија“, додава Јосифовски.

Според НУК државата мора да издвојува по неколку десетици односно  стотици милиони евра инвестиции за туризмот , пркеу поддршка и субвенции за развој на туристичкото стопанство, за туризмот во земјава да го добие заслуженото место.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани