Нуркачите го најдоа умивалникот во Охридското езеро

Речиси цел апартман под вода, открија нуркачите од НК „Акватек“.

Цело едно руинирано купатило фрлено под вода. После болјерот, кадата, казанчето,  извадене  од дното на езерото е и умивалникот.

-„Продолжуваме со доопремување на апартманот… Умивалникот е лоциран на длабочина од  пет метри, над Мостот на Желбите, изваден и депониран на соодветно место“, напиша Никола Паскали од НК Акватек. 

Целта на „Акватек“ е преку јавно објавување на целиот отпад откриен на днто на езерото, да се влијае врз свеста на несовесните граѓани, кои го загадуваат најстарото езеро во Европа. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани