Двајца затвореници насилно влегле во затворската соба на 19 годишник.
На 15.09.2020 во 10.45 часот во СВР Охрид, вработен во Казнено поправната установа -Затвор Охрид, заедно со 19-годишник од Струмица, кој издржува казна во затворот, пријавиле дека на 09.09.2020 околу 03.00 часот, во собата на 19-годишникот насилно влегле осудениците Ч. и С. и се обиделе да извршат обљуба врз него.
– За настанот, запознаен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.