ОБНОВЕНО: СО тешки повреди но жив параглајдеристот кој падна на Галичица

Среќно заврши драмата на Галичица. Со тешки повреди но жив остаа параглајдеристот кој денеска падна на планината. Охриднет прв објави за несреќата  што се случи околу 15 часот на Галичица.

Тимот на лекари и обучените спасители во планина успеаа да го спасат повредениот параглајдерист. Првенствено да го извлечат а потоа и безбедно да го транспортираат  до болница. 

Првата објава  16 часот: 

Не се знае сеуште каква е здравствената состојба на параглајдерист што пред еден час паднал на Галичица.Кон местото на врвот на планината каде паднал параглајдеристот во моментов тргнал тим од лекари, членови на Црвен крст и полиција со надеж дека параглајдеристот дека ќе го пронајдат жив. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани