Неофицијално, Охриднет дознава дека раскараните семејства кои вчера попладне се тепаа на улицата „Будва“, при што едно лице почина, биле долгогодишни пријатели и соседи.
Секојдневно се собирале пред маалската продавница, заедно си пиеле се дружеле. Според исказите на соседите тие биле мајстори и вчера се замериле за некои стари талпи Едниот му ги дал на другиот а овој не му ги палтил. Баналната расправија прерасна во вербални навреди за на крај да заврши во мегусебна тепачка со смртни последици.
Тепачката заврши трагично за едно 60 годишно лице кое им подлегна на повредите. Детали за немилиот настан се очекуваат денес.