Уште една сообраќајка утрово во Охрид. Автомобил излета на кружниот тек кај „Жито леб“.
Според информациите на Охриднет , во автомобилот биле две лица, поради преголема брзина излетале на тротоарот, ја искршиле оградата и удриле во паркирано возило. За среќа не биле повредени, предизвикана е само материјална штета. Според соседите, кои сведочат за сообраќајката двете лица го оставиле автомобилот и избегале во непознат правец, пред да пристигне полициската увидна екипа.
Во екот на туристичката сезона секојдневно се случуваат сообраќајки. Вчера автомобил удри во бетонски столб на булевар „Туристичка“. Најчесто станува збор за млади лица кои се враќаат во раните утрински часови од лудите забави.