По синоќешното убиство, вознемирени жителите на „Будва“

 Охриднет на местото на вчерашното убиство. Денес  во населбата Радојца Новичиќ во Охрид мирно.

Жителите вознемирени и уплашени. Некои бегаа од новинарите, некои ни раскажуваа. Кажаа дека ги знаеле и убиецот и убиениот. Биле пријатели и соседи, често се собирале пред локалната продавница. Тука заедно си пиеле, разговарале се дружеле. Повеќето сметаат дека алкохолот бил причина за тепачката која заврши со смрт на 62 годишниот Спасе. 

– И едниот  другиот беа добри луѓе, не беа проблематични. Досега Наум и внук му не направиле некоја белја. И тој што е убиен беше мирно дете. Велат внукот мавнал со талпа по глава и ете за ништо. Детето си беше странство дојде ке праеше фасада. Од каде ова вака јас незнам, вели една повозрасна сосетка.

– Роднина ми е. Не ги знам другите луѓе кои го убиле. Уплашени сте? Да прв братучед му е на маж ми убиенот.Дали беше проблематичен човек? Не воопшто не беше, вели една роднина на убиениот. 

 – Тие беа пријатели. И двете семејства беа мајстори. некогаш порано едниот на другиот му дал талпи овој не му ги вратил ниту платил. па така вчера им почнала расправијата. Јас сум убеден дека беа многу пијани, секоја вечер заедно пиеја пред продавницата, вели трет сосед за Охриднет. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани