Обвинителство: Мукоски и Василевски не се повикани да дадат исказ

Обвинителството денеска ја демантираше информацијата дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски и Крсто Мукоски се повикани да дадат исказ за настаните што се случија на 27 април во Собранието.

Информацијата ја демантираше и Мукоски, кој во изјава за медиумите рече дека не бил повикан да даде исказ и дека информацијата била само шпекулација.Информацијата дека тие добиле покана и дека денеска ќе биде нивниот распит ја вчера ја објави порталот „Судство.мк“ а ја презедоа голем дел од медиумите. Од обвинителството утрово ниту ја демантираа ниту ја потврдија веста па новинарите и камерманите повеќе од еден час чекаа пред Обвинителството да се појават пратениците.И по шест месеци од насилството во Собранието, Мукоски и Василевски од ВМРО-ДПМНЕ сè уште не добиле покана од обвинителството да дадат исказ. Од објавените снимки од безбедносните камери се гледа дека двајцата опозициски пратеници се меѓу оние кои се наоѓаат во ходникот кај главниот влез во Собранието и дека ги отвораат вратите за демонстрантите и насилниците да влезат внатре.

Извор:novatv.mk

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани