Од 1-ви септември поевтин паркинг во Охрид

Се намалува цената на паркингот во Охрид. 

 

„Од 1 септември 2019 година (недела) согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг просторот број 08-8433/27 од 10.06.2019 година цените за користење на паркинг просторот со кој стопанисува ЈП Билјанини Извори за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) ќе се намалат за 10 денари за секој час паркирање и тоа Зона А од 40 денари на 30 денари за еден час и Зона Б од 30 денари на 20 денари за еден час додека третиот степен на ограничување Зона Премиум ќе се намали за 40 денари за секој час паркирање и ќе изнесува 60 денари за еден час паркирање“, информираат од ЈП „Билјанини Извори“. 

Social profiles