Од први јуни нов сообраќајен режим во Стар град

Од први јуни нови правила за Стар град Охрид.

На трибината за режимот на сообраќај во Урбаната заедница „Стар град“ на која учествуваа Градоначалникот Константин Георгиески, жители и Советот на Урбаната заедница, претставници на СВР Охрид како и претставници на стручните служби на Општина Охрид беа дпнесени следните заклучоци:

Задолжително да се регулира режимот на сообраќај во стариот дел на градот како и режимот на сообраќај на пристапните улици кон оваа Урбана заедница;
Да се овозможи непречено движење на моторен сообраќај за жителите на оваа УЗ кои живеат таму и поседуваат регистрирани моторни возила, за жителите кои имаат привремено живеалиште во тој дел од градот и на нивно лично име регистрирано моторно возило, како и за сите стопански субјекти кои се регистрирани со адреса во оваа УЗ и имаат регистрирани моторни возила;
Дотурот на роба да се врши во раните утрински часови во точно определен временски период, такси службите да ја вршат својата дејност согласно потребите;
Станоиздавачите во овој дел од градот при прво сместување на туристите, а заради растовар да можат до своите објекти туристите да ги донесат во временски интервал не подолг од 1 час, а потоа да ги упатат на простор за паркирање надвор од оваа УЗ ;
Подигнување на повисоко ниво на хигиената и собирањето на сметот да се врши во временски период кога има помал интензитет на сообраќај ;
Регулирањето на сообраќајот да се врши преку влезно – излезни терминали (рампи) со користење на картички, а како дополнително на возилата да се стават соодветни налепници . Кај рампите постојано да има овластени лица кои ќе служат како припомош при одвивањето на сообраќајот. Рампите да се стационирани на ул. „ Коста Абраш “ и тоа на почетокот ( споменик Фаќач на крстот), пред Горна Порта и на исклучниот пат за црква Каменско. Влезно – излезен терминал ( рампа) да има и на ул. „ Македонски Просветители “ (наспроти сендвичара Пинк Пантер) која ќе е во функција на пркирањето во премиум зоната која ќе биде од оваа рампа до рампата лоцирана кај споменикот „Фаќачот на крст“.
Картичките да се издаваат по строго дефиниран Правилник и истите да ги издава комисија формирана од страна на Градоначалникот, со претходна согласност од Советот на Урбаната заедница и за цела постапка да биде запознат лично Градоначалникот ;
Секој ден во временски период од 19. 00 до 05. 00 часот на улиците „Цар Самуил“ и „Коста Абраш“ да има забрана за сообраќај и во овој период целиот сообраќај ќе се одвива преку Горна Порта и исклучниот пат за црквата „Каменско“;
Целиот дел на стариот дел на градот да се прогласи за Зона на смирен сообраќај каде брзината на движење на моторните возила да е еднаква на брзина на движење на пешак;
Да се воспостави соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација ;
Да се изнајдат можности за проширувања на паркинг местата;
Да се работи на изнаоѓање на трајни решенија за решавање на овој проблем;
Режимот на сообраќај да се воспостави од 01.06.2019 година.

Social profiles