„Исклучи го моторот- вози велосипед“ е мотото под кое денес се одржа велосипедско дефиле во Охрид со што се одбележа Денот без автомобили, а во рамки на одбележување на Европската недела на мобилност.
Велосипедистите возеа низ централните градски улици, кејот па се до плажа „Амброзија“ и назд до зградата на општина Охрид. Дефилето беше заокружено со награди за учесниците во настанот. Првата награда, велосипед ја освои Јован Петроски. Тротинети добија Ахмет Пеџак, Филип Рајчевски и Филип Нешкоски. Ролерите припаднаа на Марија Трпеска и Стефан Алексоски. Кациги за велосипед добија Петар Стојаноски и Бојан Стојаноски. Предно светло, Нина Ангеловска, Теодора Љатковска и Петар Симоноски, а задно светло Елена Аврамоска, Христијан Стефаноски и Христијан Груески.
Кај нас, а и во Светот, се резервираат една или повеќе фреквентни сообраќајници за велосипедисти и пешаци. На тој начин се упатува силна порака дека со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет , го подобруваме нашето здравје, воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загадувањето од транспортот, а се што ни треба е подготвеност и волја одговорно да се однесуваме кон животната средина.
Во Европската недела на мобилност се организираат настани посветени на одржлива мобилност во урбаните средини, кои годинава се на тема „Пешачи со нас – сигурно пешачење и возење велосипед
„Европската недела на мобилност“ Општина Охрид ја одбележува во соработка со МЖСПП, Европската Делегација во РСМ и ЕУ- Инфо центарот во Скопје.