Одбележан патрониот празник на ООУ „Живко Чинго“ во Велгошти

Со свечена приредба која се одржа вчера во спортската сала „Тодор Александров“, ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти го одбележа својот патронен празник.

Во рамки на програмата беа доделени и наградите од литературниот и ликовен конкурс, а публиката имаше можност да проследи рецитали, ритмички точки и драматизации подготвени од страна на учениците.

Пред почетокот на приредбата беше положено свежо цвеќе пред спомен обележјето на Живко Чинго во училишниот двор.

Social profiles