Одбележана годишнина од смртта на „Христо Узунов“

По повод годишнината од смртта на Христо Узунов, а во рамки на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Христо Узунов“, делегација од општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, положи свежо цвеќе пред спомен бистата на револуционерот во дворот на училиштето.

 

Во рамки на одбележувањето на годишнината од смртта на Узунов делегација на општина Охрид предводена од претседателот на Советот, Сашо Донев положи свежо цвеќе пред спомен бистата на револуционерот во градскиот парк. Цвеќе положија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот во градов.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани