Звуците на зурлите и тапаните одекнаа високо на Јабланица. По десетти јубилеен пат синоќа во Вевчани свечено беше отворен Фестивалот на народна култура „Пображење“.
Иако годинава во едно поинакво издание, организирано според здравствените протоколи, фестивалот останува верен чувар на богатата традиционална музика и песна на вевчанскиот крај.
-„Вевчани како што реков има многу силна традиција луѓето чувствуваат одредена обврска да го зачуваат тоа како лично чувство а не како пропис туку просто како дел од живеењето на Вевчани и тие имаат возобновено многу од некогашните обреди и обичаи, кои се случувале и денес да се случуваат“, рече проф. д-р Мирјана Мирчевска етнолог.
– „Ова е многу значаен фестивал. До минатите години доаѓаа нсамбли од цела Европа, сега заради Корона вирусот состојбата е поинаква, но мора да продолжи традицијата. Тоа е одлична промоција не само на вевчанската култура туку и на македонската култура во светот , вели градоначалникот Сашо Јанкоски.
Фестивалот го збогатија милозвучните гласови на пејачката група „Каданка“, а во амфитеатарот беше отворена изложбата ,,1000 години Бигорски Манастир” на која беа прикажани најстарите уникатни икони на најголемото македонско духовно светилиште ,,Св.Јован Претеча“.
– „Најстарите икони од Бигорскиот манастир кои датираат од 15 и 16 век. Исто така се прикажани и икони едната од капакот односно киводот на светите мошти и една плаштеница од 19 век“, вели проф. Владимир Јанески.
Вевчани и ова лето живее во духот на културата. Во рамките на деветтото издание на Вевчанско културно лето секојдневно има промоции на книги и изложби.
-„Овогодинешните активности на вевчанското културно лето започнаа на 15 август и траат до 15 септември предвидени се десеттина промоции излоѓби и претставвања. Ова ни е деветто издание и заради тоа се ограничивме претежно на нашите вевчански автори“,, вели Сашо Бетоски организатор на Вевчанско културно лето..
Фестивалот „Пображење“ завршува утре со Online фестивалска програма на која покрај КУД „Дримкол“ ќе учествуваат ансамбли од земјава, Франција и Мексико.
Новинар Соња Рилковска