Одложено првото рочиште на судскиот процес, кој денес требаше да започна во струшкиот суд против тројцата лекари, кои се товарат за несовесно лекување и извадиле повеќе органи на родилката од Дебар.
Рочиштетето се одложи, поради отсуство на обвинетите.
Веапоска, оштетената родилка која при царски рез остана без матка, јајници и бубрег, вели две години преживува пекол и агонија. Се уште е под медицинска терапија и со нетрпение ја чека правдата.
-Докторот се брани со тоа дека совеста му била чиста и не направил ништо ми спасил живот. Но каков живот ми спаси кога јас сум половина човек јас сум без органи и каква чесност има тој доктор. Како ќе ме погледне мене во лице. Треба да му се одземе лиценцата за работа и да не работи веќе да не осакатува други жени“, вели Јилдз Веапоска оштетена.
Бранителите на оштетената велат ќе се изведат сите докази и очекуваат максимана казна за лекарите.
-„Овде е кривично дело несовесно лекување на болни максималната казна е до пет години. Скратена постапка судот си ја знае својата работа очекуваме позитивен исход осносно за оние кои го сториле кривичното дело да одговараат по закаонот“, изјави Сашо Јанев адвокат на оштетената.
Лекарската комора првично утврди дека нема лекарска грешка, но по спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против три лица. На 07 мај годинава ОЈО информираше дека првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа – Медицински центар – Струга, при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентка – родилка од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба.
Новинар Соња Рилковска