Согласно законските одредби за рекламирање на учесниците во изборната кампања, Општина Охрид, одреди простор каде политичките партии можат да ги постават своите рекламни постери и пораки.
Поставени се тараби на оградата од ОУ “Григор Прличев“, како единствено место за политичкиот маркетинг за време на изборната кампања.