Одзивот на гласачи во земјава до 13 часот е 16 отсто, во Охрид 15.53%

Мирно тече референдумскиот процес во земјава.

Досега своето право на глас го оствариле 261.473 гласачи. Излезеноста се движи од 6,96 до 29 отсто соопшти ДИК.
До 13 часот на денешниот референдум на гласање излегле 261.473 гласачи или 16 отсто од вкупно запишаните гласачи во Избирачкиот список. Ова се резултати од обработени 90,24 отсто од избирачките места“, соопшти Оливер Дерковски, претседател на Државната изборна комисија.
Според подтацоите со кои располага ДИК, распонот на излезност се движи од 6,96 до 29 отсто. Според податоците од ДИК до 13 часот, во општина Охрид од вкупно запишани 52.195 лица во единствениот избирачки список, на гласање излегле 8.098 гласачи, односно 15.53% од запишаните избирачи во единствениот избирачки список.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани