Во Вевчани поголема, во Струга помала излезеност на гласање

Мирно и без проблеми се одвива референдумскиот процес во Струга и Вевчани.

До 11 часот во Струга гласале речиси седум отсто, а во Вевчани девет отсто. Според МИА,во општина Струга до 11 часот гласале 6,63 отсто од регистрираните гласачи, а во Вевчани речиси девет проценти го оствариле своето уставно право на референдумот, информираат општинските изборни комисии.Од регистрирани 60.169 лица во Струга, на 101 избирачко место своето гласачко право го оствариле 3.989, додека од 2.038 вевчанци пријавени во Избирачкиот список до 11 часот гласале 180 во трите избирачки места.
Во двете општини, како што соопштија општинските изборни комисии, гласањето се одвива мирно, без никакви нарушувања.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани