Оглас за вработување во Младински Центар Охрид

Коалиција на младински организации СЕГА објавува оглас за вработување на ентузијастичен и мотивиран Работник со млади. Ако сте подготвени да го поттикнувате активизмот на младите, ова е вашата шанса да се придружите на нашиот динамичен тим.

Одговорности:

Организирање и водење на активности и проекти за млади
Поддршка во развојот и имплементацијата на програми за млади
Комуникација, соработка и вмрежување со младински организации
Промовирање на можностите за учество и ангажирање на младите во заедницата
Потребни квалификации:

Завршено високо образование
*Предност ќе имаат кандидати со завршено високо образование од областа на социјална работа и социјална политика, педагогија и психологија
Одлични познавање на македонски и англиски јазик
Одлични комуникациски способности
За предност ќе се смета и:

Искуство во работа со млади
Искуство во младински сектор
Искуство во промоција преку социјални мрежи
Познавање во уредување на веб страни
Потребни лични карактеристики:

Креативност
Одговорност
Способност за брзо учење
Одлични комуникациски вештини
Способност за работа во динамична средина
Самоиницијативност
Интеркултурни вештини
Почитување на рокови
Способност за работа во тим и индивидуална работа
Отвореност за нови предизвици и знаења
Што нудуме:

Можност за континуиран развој
Работа со млади
Динамична и креативна средина
Континуирана поддршка при спроведување активности
Можности за интеркултурно искуство
Услови:

Работно време во 40 часа неделно
Работа на определено време со можност за продолжување на договорот
Доколку сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим и да го поддржите активизмот и ангажманот на младите, испратете го вашето CV и мотивациско писмо на email: aplikacija@sega.org.mk најдоцна до 31 мај 2024 година.

**Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани