На 23/24.09.2017 година од 13,00 до 08,00 часот во Струга на ул “Маршал Тито“, во црква Св. “Жени Мироносици“, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба, при што се одземени 1.000 денари.
Имено, сторител со употреба на хебла ја оштетил и насилно ја отворил металната решетка на прозорот, влегол во внатрешноста на црквата, каде извршил пребарување, и од дрвена отворена каса поставена на вратата ги одзел парите и се оддалечил во непознат правец. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициска станица Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
На 23/24.09.2017 година од 21,00 до 05,00 часот во с.Радолишта-Струга, непознат сторител извршил тешка кражба во џамија „Башкими“, при што одзел 6.000 денари во разни апоени. Сторител насилно го отворил прозорот и влегол внатре, по што од метална каса поставена на ѕидот ги одзел парите и се оддалечил во непознат правец. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициска станица Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.