Охрид домаќин на Четвртата Меѓународна конференција “КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2019” во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ.
-Со особен интерес ја организираме конференцијата по четврти пат, со што сме чекор поблиску до нашата крајна цел: компетентна и одржлива структура за квалитет на национално, регионално и меѓународно ниво. Се надеваме дека IV Меѓународна конференција “Квалитет и компетентност 2019” ќе ги надмине нашите очекувања, особено со сегментот на споделување на искуства и проширување на можностите за идна соработка, информираат од Маклаб.
Конференцијата ќе се одржи утре во хотелот Силекс во Охрид.
