Во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 36 – Куманово 2 – Штип 8 – Тетово 4 – Струга 10 – Велес 2 – Битола 2 – Охрид 13 – Гостивар 1 – Крушево 1 – Кочани 2 – Пробиштип 1 – Свети Николе 2 – Ресен 6 Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти. – Скопје 9 – Штип 30 – Тетово 1 – Велес 1 – Гостивар 4 – Струмица 1 – Кочани 1 – Пробиштип 1 Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5196, бројката на оздравени пациенти е 1974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975.